Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почеток, ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, работата на историската комисија, протоколот 2, таму има 15-тина нови барања – рече Мицкоски.