Кога Македонија ја доби пресудата пред МСП во Хаг во 2011 година, половина од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа. Тие се правеа како нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот суд на Обединетите нации“, напиша Милошоски.

Тој се потсети на пресудата од 2011 година, која утврди дека Македонија била спречена да добие покана за членство во НАТО во 2008 година.

Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес – истакна пратеникот, нагласувајќи дека апсењето на Мадуро од страна на САД создава преседан за селективна примена на меѓународните облигации.

Милошоски го оцени ставот на Македонија како „навремен и правилен“, кој, според него, е изразен преку министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Кратко и јасно – поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД. Светот влегува во нова геополитичка динамика, а Македонија, како членка на ОН и НАТО, легитимно и проактивно треба да го следи својот интерес – изјави тој.

Милошоски посочи дека новата ситуација претставува можност за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела.

Од автократија, земјата има прилика да стане демократија без политички затвореници и нарко-картели и да биде стопански развиена држава во интерес на сите граѓани – рече пратеникот.