Семејството Заеви за Нова Година беше во германскиот зимски центар Гармиш Партен Кирхен. Во овој монденски ски центар, Зоран и Зорица беа гости на Енис Колашинац. Овој контроверзен бизнисмен стана познат откако се појави на онаа славна журка во Дубаи со Харис Џиновиќ, Зоран Заев и Венко Филипче.

Дека неговото познанство со лидерот на СДСМ се покажа минатата година кога беше објавено дека СДСМ зела на лизинг ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра од  фирмата на Колашинац Зобек Мининг. Ова луксузно возило го коритеше Филипче. Зобек за време на владеење на СДСМ добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен.

Вечер.мк пред неколку денови објави дека Заеви биле на гости во Гармиш токму на имотот на Колашинац.