Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторник (3 март) доаѓа во официјална посета на земјава.

Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.