Обвинителката Вилма Рускоска се плаши да се сослушаат сведоците за настаните од „27 април“ со цел да не се дознае вистината за овој настан. Ваков впечаток се стекнува по денешното рочиште кое не се одржа. Одбраната му посочи на судијата Илија Трајков дека побарале сите докази да и бидат дадени на увид согласно законот.
Но, тоа не се случи па затоа судечкиот совет го задолжи обвинителството да ги достави бараните докази кои им следуваат на обвинетите и нивните адвокати, со цел да може да ја подготват својата одбрана согласно доказните материјали кои тврди дека ги има обвинителството предводено од Вилма Рускоска.
Одбраната има понудено 300 сведоци, a исто така достави поднесок во кое бара Обвинителството да објасни во која се насока се водени разговорите пред 27 април.
Рускоска пак смета дека но додаде дека смета оти Судот не треба да ги прифати не образложувајќи зошто.
Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски нагласува дека обвинението има за цел дискредитација на обвиниетите.
– Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот, изјави Апостолски.
Според него, Обвинителството не направи напори да се дознаат вистинските сторители
Comments are closed for this post.