Верувајте дека е многу тешко како опозиционен пратеник да зборуваш за нешто што не постои. Таков е случајот со денешниот Буџет, предлози за 2019-та година. Имав голема желба денеска пред да дискутирам тука да биде министерот Тевдовски. Човекот кој не убедуваше дека Македонија ќе биде не сега Северна Македонија туку Данска 2, посочи Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.
Стевананџија запраша: „Зошто да го почитуваме Деловникот кога во Република Македонија не се почитуваат законите? Зошто 10 дена да имаме општа и амандманска расправа, зошто уште 5 дена да губиме во салата назад, салата Северна Македонија, кога оваа влада наоѓа најлоши начини да ги реши проблемите?
-И сакам да ми кажете одговор само на едно прашање: Дали може Буџетот за 2018-та година да го надополниме со Анекс од 3,7 милијарди евра за 2019 година и да ги овластиме министрите да се трошат така како што сакаат? Затоа што статистички, ако сме најмала земја во ЕУ оваа влада би, како и министерството за транспорт и врски го потпиша и историски највисокиот Анекс, 189 милиони евра за според нив криминалниот договор со Кина за кој што треба да изгради патот Кичево – Охрид, појасни Стевананџија.
Comments are closed for this post.