Ученици од Гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица освоија десет златни и девет сребрени медали на финалниот натпревар од Светскиот ученички куп по англиски јазик, кој синоќа заврши на Универзитетот „Јеил“ во САД, информира професорката по англиски јазик, Верица Јанкова.
На финалниот натпревар осумте ученици под менторство на професорките Верица Јанкова, Виолета Николова и Катерина Калева Ташева, се натпреваруваа во повеќе дисциплини и успешно ја претставуваа нашата држава, бидејќи тие се единствени учесници од Македонија.
Лани на овој натпревар струмичките гимназијалци освоија четири златни медали.
Годинава учениците и нивните професори во последен час успееја да ги соберат потребните финансиски средства и да заминат за САД
Comments are closed for this post.