Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.
Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Македонија на 25 јануари годинава.
Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.
Зибери е роден во 1961 година. Дипломирал во 1985 година на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 2010 година положил правосуден испит. Во периодот од 1986 год 1990 година работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. На првите парламентарни повеќепартиски избори во 1990 година, но и на изборите во 1994 година и 1998 година, бил избран како пратеник во Собранието. Од 1996 до 1998 година, Зибери бил и министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на Владата.
Зибери на последните парламентарни избори во јуни минатата година беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец во Република Македонија.
Comments are closed for this post.