Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото на Дојранското Езеро, на Вардар кај Железен мост Скопје, Велес и кај Демир Капија и на Пчиња кај Катлановска бања, е повисоко во однос на просекот за февруари.
Затоа, пак, водостојот на Треска кај Македонски Брод е двојно понизок, а споредено со февруарскиот просек намалено е и нивото на Вардар кај Јегуновце, Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.
Во рамки на просекот се водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро и на Брегалница кај Штип.
Comments are closed for this post.