Заменик-министерпт за надворешни работи Андреј Жерновски ја напушти салата на Обединетите Нации за време на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание во Њујорк. Жерновски вели дека тоа го сторил за да не му дае легитимитет на говорот на Иванов кој го оквалификува како скандалозен.
Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации, . Македонија нема повеќе време за губење!!! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина,објави Жерновски на својот ФБ профил .
Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легимитет на неговиот…
Posted by Andrej Zernovski on Thursday, 27 September 2018
Comments are closed for this post.