Денеска се одржаа завршни зборови во судскиот процес кој се води против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, а го покрена братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев за клевета. Заев тужи бидејќи смета дека му е изнесена клевета од страна на Николовски кој изјавил дека Вице станал главен бизнис фактор во државата.
Во судницата се пушташе спорната изјава на Николовски, за која тој рече дека ја дал во својство на потпретседател на најголемата опозициска партија и оти имал намера да укаже на работењето на Владата и на аферите што се случуваат.
Адвокатот на тужителот, Горан Заев, побара од судот да ја прифати тужбата и оти со изнесените наоди му била нанесена штета на угледот на негов иот клиент.
Пресудата за овој случј ќе биде обелоденета на 22 април во 14.30 часот.
Comments are closed for this post.