Заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Главна цел на средбата на коалициските партнери во Владата беа кадровски промени кои премиерот Заев ги најави за следниот месец.
Ахмети ги избегна новинарите и влезе во седиштето на Владата преку подземните гаражи. Заев и Ахмети отворено разговарале во четири очи и на средбата која траела околу еден час не присустувале дури ни нивните најблиски соработници.
Од Владата најавија дека ќе испратат соопштение за деталите од средбата и дали паднал некаков договор
Comments are closed for this post.