Патот кој го поврзува косовскиот град Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со граничниот премин на границата со Македонија, кај преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина – Скопје.
Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од 9:30 до 11:30 и потоа од 13:30 до 16:00 часот.
Министерството ги замоли граѓаните во тие временски интервали да не го користат тој пат.
На автопатот „Арбен Џафери”, кој го поврзува главниот град на Косово со Македонија, во тек се работите на последната делница, односно на мостот долг над пет километри меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, односно Блаце. Очекувањата се дека тој ќе биде целосно пуштен во употреба до крајот на оваа година.
Comments are closed for this post.