Вечерва завршува собирањето потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието.

Пендаровски, покрај потписите од пратениците до вчера во канцелариите на ДИК низ земјава собра над 32.000 потписи од граѓани.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова потребните граѓански потписи ги собра за само еден ден. Околу 16.000 граѓани се потпишаа за неа во канцелариите на Државната изборна комисија низ земјава.

Потписи за да учествува на претседателските избори собра и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса.