Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки, осум кражби и еден обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави.
МВР денеска соопшти дека Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари.
Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.
Comments are closed for this post.