Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска е во посета на Скопје.Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што во 11 и 30 часот ќе одржат прес-конференција во Владата на Република Македонија.
Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.
Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.
Во Скопе планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.
За време на својата куса посета на европските дестинации, заменик шефот на Стејт департментот, исто така, ќе има средби со персоналот во американските амбасади во секоја од овие земји, како и со претставници на бизнис заедниците, алумни од американските програми за размена и граѓанското општество.
Comments are closed for this post.