Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.

Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот, велат од владината прес-служба.