Пратеникот Антонио Милошоски на дсенешната седница го праша премиерот Зоран Заев каде ги запознал актуелните негови советници Александар Ружин и Љупчо Зафировски и кои се нивните класификации.
Милошоски истакна дека овие советници земаат поголеми суми на надомест и тоа Александар Ружин зема 50.000 денари, додека Љупчо Зафировски кој е тотално непознат за македонската јавност зема огромни 75.000 денари месечни примања. Пратеникот потенцираше дека Ружин има фирма за гуми, а Зафировски е без биографија.
Премиерот Зоран Заев одговори дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Според него, тој и Зафировски биле ангажирани за да им се даде можност да се градат во нашето општество и да се искористат нивните капацитети.
Александар Ружин е син на поранешниот амбасадот Нано Ружун. Работиме на неколку проекти, еден од тие проекти е привлекување на странски инвестиции од Франција. Тој е присутен во ТИРЗ зоните, разговара со градоначалниците и учествува во постапката за анимирање на француските компании во делот на екологијата. Конекциите кои ги има овозможуваат да биде олеснувач администратор на постапките и други процеси“ рече Заев.
Во врска со Зафировски тој рече дека високиот месечен надомест е поради тоа што овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.
Тој има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку инфо за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска беа со резерва за проширувањето на ЕУ кој Македонија“, потенцираше Заев.
Comments are closed for this post.