Во врска со случајот „Рекет“, премиерот Заев оценува дека по заокружувањето на истрагата преку обвинителниот акт, целиот случај ќе остави впечаток на доверба кон институциите и политичарите.
Заради тоа што, навистина претставува случај каде што недвојбено без резерва на било кој, се става силен печат на независноста на правосудниот систем во овој случај на Јавното обвинителство, растоварен од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција“, вели во интервјуто премиерот додавајќи дека самиот факт што има обвинител во притвор и сопственик на медиум, претставува сериозна порака дека институциите не прават разлика, и сите за кои постојат индиции за инволвираност во одредени кривични дела треба да одговараат.
За мене тоа е многу значајно заради тоа што веднаш, дури и како правна држава, тоа значи економија. Тоа значи инвестиции, тоа значи повисоки плати, тоа значи економски стандард, сето тоа е поврзано во севкупниот амбиент на создавањето на поволна клима за живеење во нашата земја“, посочи премиерот.
Comments are closed for this post.