Утре ќе се одржи нова средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство, информира премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека министерката за правда Рената Дескоска се слушнала со лидерот на преговарачката група на опозициската партија.

Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и господинот Мицкоски, што, според мене, претставува исчекор кон постигнување решение за едно од најсуштествените разлики што претходно постоеја – изјави Заев.

Како што нагласи Заев, за него претставува надеж што и двете страни можат да се потрудат уште малку за да дојдат до договор точно на рокот, затоа што, како што истакна премиерот, изброени се деновите на затворање на извештајот на Европската комисија.