Претседателот на СДСМ и премиер на Македонија Зоран Заев се огласи на фејсбук еден ден по првиот круг локални избори на кои власта помина многу полошо отколку што се надеваше, а опозициската ВМРО ДПМНЕ прогласи победа во 21 општина во Македонија.
Според досегашните податоци на Државната изборна комисија, 33 општини добија градоначалници уште во првиот круг. Согласно резултатите дваесет и едно градоначалничко место засега обезбедија ВМРО-ДПМНЕ, 9 СДСМ, а ДУИ три.
Вториот круг од изборите е на 31 октомври.
Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа.
Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото.
Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.
Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација.
Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи.
Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја.
Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО, напиша на Фејсбук Заев.
Comments are closed for this post.