Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките на одредено време, додека не се нормализираат процесите во државата, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете парстиски тела.
– Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во која што членовите на ЦО имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи ставката на одредено време, додека овие процеси не се нормализираат, изјави Костадинов.
Според Костадинов, одлагањето на оставките ќе биде на неодредено време додека состојбите во државата го бараат тоа.
– Не треба да потенцирам дека државата после многу години режим продолжува и се гради на европските вредности, на вистинските демократски и слободарски вредности. Ова е слободна во која што принципите на единството, принципите на соживотот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи во интересите на граѓаните и на можноста која е исправена пред нас државата да западне во нова криза и да биде ставена во некој ретроградни процеси. Генералната одлука која што е донесена е дека моментумот пред којашто е исправена Северна Македонија е многу значаен и сите ние треба да бидеме на висината на задачата, бидејќи голема е цената, потенцира Костадинов.
Тој изрази надеж дека сите, а пред се политичарите и функционерите, ќе го запазат демократскиот курс по којшто е тргната земјата и дека сите заедно „ќе продолжиме на патиштата коишто значат прогрес и пред се движење по европските патишта“.
– Мислам дека ние ќе дискутираме многу, значи СДСМ денеска пред се испраќа порака дека е отворена пред сите, дека е партија која што обединува. Се ислушавме сите заедно едни со други. Наредниот период ќе има и други седници. Многу работи можат да влијаат, но во моментов е најбитно дека по одлуката која што е вечерва донесена ќе се постапува и сите заедно единствено ќе се заложиме за тој момент, додаде Костадинов.
Тој информира и дека седниците на Извршниот и на Централен одбор биле разгледани актуелните случувања во земјата и во партијата.
– Дискутиравме за најразлични случувања на македонската политичка сцена и во моментот е најбитно парламентарното мнозинство да продолжи по патот којшто е многу битен пред се за земјава. Земјава не смее да ги напушти тие процеси и тие политики и секако дека сите процеси се битни и сите ние сме чинители на истите тие процеси. И чекор по чекор пред се треба да го смириме граѓанството и да не правиме фатализам од сите работи, но пред се ние како земја не смееме да си дозволиме нови години на уназадување, нови години во коишто ќе биде нарушен демократскиот капацитет пред се и прогресивните европски можности кои се отвораат пред нас. Така што за најразлични цели се дискутираше, за најразлични теми се дискутираше и за локалните избори, и сплотено и обединително ЦО ја донесе таа одлука која што во овој момент сметаме дека е круцијална пред се за државата и пред се за граѓаните, истакна Костадинов.
Запрашан дали на седниците станало збор за одговорност за резултатите на локалните избори, Костадинов потенцира дека се дискутирало за сите состојби и за одговорноста.
– На крајот не треба да заборавиме дека претседателот лично си поднесе оставката и сите ние како ЦО таа оставка ја почитуваме, но ЦО недвосмислено, единствено, едноставно бараше да биде одложено пред се поради моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија, истакна Костадинов, потенцирајќи дека според партискиот Статут, ако претседателот е во оставка, тоа исто важи и за највисокото раководство на СДСМ и за потпретседателите и генералниот секретар.
Comments are closed for this post.