Ние можеме да бидеме со голема надеж за перспективата на нашата држава, но доколку дома не си ги средиме работите, тоа ќе биде само кочница за нашиот раст и развој за унапаредување на вкупниот квалитет на животото во земјата. Во време кога се помиривме и со соседите, зарем не може дома да се помириме, рече премиерот Зоран Заев на собраниска седница одговарајќи на прашање од Весна Дамчевска Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на нејзините забелешки дека процесот на помирување во Собранието за настаните од 27 април не ги дава резултатите, а поларизацијата се уште е присутна во општество тој упати апел за продолжување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.
– Има многу прашања, преку работни групи можеме да продолжиме да ги разгледуваме. Знам дека постои одреден дијалог, но треба да го интензивираме затоа што и нашите зачестени средби испраќаат порака на олабавување на општетството. Да зборуваме многу почесто и за простувањето и за помирувањето и ве повикувам сите да се вклучите во тоа национално координативнo тело. Треба да има помирување и во судството… Кулминацијата беше во Парламентот и треба да почнеме од тука, но треба да продолжиме во јавните државни институции, во општините низ државата, но и да почнеме во политичките подмалдоци и насекаде. Ова што ни се случи во државата во целиот изминат период нема кој друг да го среди, ако не ние првоодговорните, рече премиерот.
Кажа дека веќе е формира национално координативно што го раководи претседателот на Собранието, а помош нуди и меѓународната заедница. Според него, сега е време ова тело да се стави во функција, а како што посочи, и тој и министрите стојат на располагање за се што ќе бид епотребно.
-Верувам дека ќе биде од помош на земјата ако направиме видлив исчекор и за економијата, и за севкупната успешност за државата. Сакам да испратам порака на подавање рака. Доаѓа кампања за претседателски избори и во самата кампања ние може да испратиме порака на разумност и одговорност или на конфронтизам што остава лош впечаток. Помирувањето е важно, поважно и од некои реформи што ги правиме. Верувам дека може да успееме можеби не 100 отсто, но може во сериозен процент преку политика на простување и помирување пополека да ја враќаме кохезијата во општеството, секој да го сработи својот дел, за да ни биде попријатно овде и младите да не заминуваат, рече Заев.
За наводни отпуштања од работа на лица блиски до претходната власт, рече „ниту сум дал политичка насока, ниту сакам да дадам насока да се гради среќа на туѓа несреќа”.
-Дадов насоки, а има и се повеќе можности во буџетот на сите што работат да им се даде решение, а новите кои се примаат да бидат на определо време со рок за практиканство, но да го запазиме редот тие што работат да добијат решение, новите да не го заземат местото на поискусните, рече Заев.
Comments are closed for this post.