Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница изјви дека е подготвен низ дијалог со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да најдат решение за моменталната состојба во која се наоѓа Македонија.
Одговарајќи му на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, Заев појасни дека името на државата не се менува, туку само се дополнува.
– Граѓаните на парламентарни избори го предаваат својот легитимитет на пратенциите за тие да носат одлуки. За прашањето за името и договорот од Грција одлучивме да го вратиме легитимитетот и да го прашавме нашиот народ. Граѓаните што одлучија, излегоа на референдум, а оние кои не сакаа да одлучат, останаа дома. Македонија мора понатаму да донесе одлука, рече Заев.
Comments are closed for this post.