Премиерот Зоран Заев денеска во Гази Баба одговараше на новинарски прашање. Едно од нив беше поставено за случајот „Монструм“ во кој имаше завршни зборови од обвинителството.
На прашање дали Заев имал информации за некои други лица вмешани во случајот, одговори:
„Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, рече премиерот Заев.
Comments are closed for this post.