Прилеп е градот на востанието, на непокорот, во Прилеп пукнала првата пушка, тука се јавуваат првите наши јунаци. Ние тоа ќе го славиме бидејќи тоа е нашето македонско историско минато на кое сме горди. Македонија никако не била администрирана, била окупирана. Фашизмот не смее етнички да го поврзуваме и треба да направиме чекори на разбирање, на внимателност спрема соседите, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп каде што присуствуваше на отворањето на реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ во центарот на градот.
Одговарајќи на новинарско прашање да појасни на кои теми се разговорите со Бугарија, иако историските прашања остануваат спорни, а прилепчани се чувствителни на Втората светска војна, Заав рече дека мора да зборуваме со европски зборови ако сакаме во ЕУ и низ зборовите за пријателство.
– Мора да зборуваме со внимателност спрема соседите, спрема другите во Европа и во светот. Факт е дека тогашната администрација во Бугарија донела одлука да се приклучи на фашизмот. Македонија никако не била администрирана, била окупирана. Тоа го знаат, тоа е во нашата, во балканската, во европската и во светската историја. Тоа не го прави бугарскиот народ фашистички. Царот донел одлука да продолжи во пактот во кој и претходно бил, но никој не ги прашал граѓаните на Бугарија на референдум дали сакаат да бидат со фашистите, или на страната на антифашистите. Драго ми е што во 1944 година со „Отечествениот фронт се приклучувата во антифашистичката борба. Прилеп е градот на востанието, на непокорот, во Прилеп пукнала првата пушка, тука се јавуваат првите наши јунаци. Ние тоа ќе го славиме бидејќи тоа е нашето македонско историско минато на кое сме горди. Преку него сме граделе и градиме генерации, верувајќи во нашата историја и охрабрувајќи се да ги влечат европските чекори, охрабрувајќи се за европеизација на нашата земја. Во тоа светло дилеми нема. Не смееме фашизмот етнички да го обележиме или да го наметнеме на цела нација, изјави Заев.
Comments are closed for this post.