Премеирот Зоран Заев вечерва се огласи по трагедијата која се случи на патот Тетово-Скопје кај Карпалак каде се преврте автобус пти што загинаа 13. лица.

„Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски“, напиша Заев.