Шокантна изјава имаше премиерот Зоран Заев во неговото вклучување во вестите на Телевизија Сител во 19 часот.
Премиерот се служеше со навредлив и хомофобен речник, со кој го навредуваше новинарот Бранко Героски, но и првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.
На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по избувнувањето на скандалот „Рекет“, во јавноста се појави премиерот Зоран Заев. Првите новинарски прашања се однесуваа на инсунациите за негова и инволвираноста на високи владини функционери во овој корупциски скандал. Заев тврди дека секој што земал пари, секој што прекршил закон, треба да одговара.
Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт, рече Заев.
Comments are closed for this post.