За само неколку месеци премиерот Зоран Заев даде сосема спротивни изјави околу тоа дали Европската унија дала гаранции оти Македонија во октомври ќе добие датум за почеток на преговорите.
На седницата на Европскиот совет во јуни во закучокот за Македонија стоеше дека на прашањето за преговори ќе се навратат во октомври, но немаше никакво ветување дека тоа ќе се случи.
Но Владата се обиде тоа да го претстави како загарантиран датум па дури и се организирааа прослави на плоштадите каде се славеше почетокот на преговорите.
Октомври ќе биде октомври. Таму стои не подоцна од октомври. Ја добивме писмено формално-правната гаранција-зборуваше Заев во јуни откако Европскиот совет ја одложи одлуката за датум за неколку месеци.
Во саботата на прес конференцијата на која веќе беше јасно оти датум нема пак Заев не можеше да се сети дека изјавил оти постојат писмени гаранции.
Јас сум изјавил дека има писмени гаранции.Ако сум зборувал за нешто писмено е тоа што писмено е вградено во договорот од Преспа, каде што се поглавјата, тука е Европа вградена затоа што таа учествуваше со нас- изјави премиерот.
Comments are closed for this post.