Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш потврди дека има сериозни проблеми во употребата на термините поврзани со етничката припадност на граѓаните на Република Македонија, што произлегуваат од Уставот.
Објаснувајќи дека македонските Бугари ќе влезат во највисокиот акт пред влегувањето на Македонија во Европкста унија, тој го користеше терминот етничка заедница, исто како и за Хрватите и Црногорците, кои живеат во државата.
Но, од друга страна, Владата се уште нема одговорено на трите поставени прашања од страна на нашата редакција, што се наметнаа по промоцијата на темата Заеднички темели, што треба да се реализира во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од референдумот за осамостојување на Република Македонија. Првото прашање беше според кој член во Уставот на РСМ се промовира албанска нација во Македонија, второтот, дали Владата ќе интервенира во називот на темата на Заеднички темели насловена како Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега, што со буџетски пари се финансира на една приватна телевизија, и третото, колку нации има во Република Македонија.
За волја на вистината, оригиналното лого на Владата со која се најавува темата Заеднички темели е коректно и во него стои „Придонесот на Албанците во независноста на РСМ од нејзиното осамостојување до сега“.
Но, ако сега премолчено се дозволи отворена промоција на Албанска нација во Македонија, што води не кон федерализација или конфедерализација, туку кон сецесија, тогаш како веќе утре ќе може да се спречи деловите од сите народи, кои се споменуваат во членот 1 од Уставот, да не инсистираат на терминот турската нац ија, влашката на ција, српската нација, ромската нација, бошњачката нација и најавените хрватска на ција, црногорска нација и бугарска нација?!
Comments are closed for this post.