Премиерот, преку грчкиот весник, упатува порака до грчките граѓани дека сите одлуки што се носат од македонските институции се засекогаш.
Процесот во нашите земји е неповратен. Не постои можност некој да го смени Договорот од Преспа. Пред сѐ, станува збор за закон и исто така тоа е уставна промена. Го променивме нашиот Устав бидејќи веруваме во подобра иднина за нашите граѓани и за целиот регион и за да пратиме порака до Европа за европски Балкан. И навистина, Грција има право да биде земја лидер на Балканот, коментира македонскиот премиер во интервјуто.
Comments are closed for this post.