Заев не може сам да се договори со своите коалициони партнери по прашањето за една изборна единица, а камо ли со опозицијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Штип.
Мицкоски истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ таква точка се уште не дошла на дневен ред за разговори и преговори.
Ако има став на владата кој е спротивен на барањето на неговите коалициони партнери, повеќе би кажал дека тој со неговите коалициони партнери не може да се договори, а камо ли со опозицијата, потенцираше Мицкоски.
Comments are closed for this post.