Премерот Зоран Заев изјави дека не ја губи надежта по прашањето за испорачување на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија и покрај ставот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој се сомнева дека тоа ќе се случи и фактот дека ниту Европскиот парламент не може да направи нешто по ова прашање.
Знаете дека многу прашања во Македонија беа невозможна мисија, па се оставрија. Има уште многу што треба да се остварат и коишто се очекување на граѓаните. Јас продолжувам да правам напори, како Претседател на Влада заедно со институциите, коишто ги имаме, пред се, Министерството за правда, да настојуваме да бараме негово испорачување, заради тоа што тоа е минимум што можеме да очекуваме од пријателска земја, како што е Унгарија, која што е членка на ЕУ и на НАТО. Затоа, како што реков по сите меѓународни правила, конвенции, па дури и по домашните закони на Унгарија нема никакво право да биде доделен азил на господинот Груевски, рече Заев на новинарско прашање по дебатта за уставните амандмани во Штип.
Comments are closed for this post.