Губитникот Заев да си даде оставка, изгуби со над 100.000 гласови разлика. Тоа е најслабиот резултат на неговата партија. Заев изгуби над 40 општини. Народот во над 40 општини избра промени, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на Заев е делегитимирана. Тој мораше да киднапира пратеник за да може да остане да владее и да краде.
Со такви методи на присила не се исклучува можноста тој и да го зголеми мнозинството за пратеник или два, но сето тоа кратко ќе трае, затоа што народот е за промени, и револтот кај граѓаните кон Заев и неговите насилнички методи е се поголем.
Заев е политичарот поради кој сме на 111 место на Транспаренси, на врвот на листата во Европа по бројот на починати од КОВИД на еден милион жители. Заев е виновен затоа што земјата е ословена како хибриден режим, за 215 пасоши издадени на белосветски криминалци, за шверцот со дрога во која беше фатен возач на член на неговото семејство.
Заев е виновен затоа што државата е во енергетска криза, за инфлацијата и за лошата живеачка. Заев е причината за сите порази. Заев мора да си замине, велат оттаму.
Comments are closed for this post.