Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ги посетат повредените граѓани во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на село Ласкарци, а кои се сместени во ГОБ „8-ми Септември”.
Како што соопшти владината прес-служба, потоа премиерот Заев ќе присуствува и ќе се обрати на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во сообраќајната несреќа што ќе се одржи во Општина Гостивар
Comments are closed for this post.