Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со лидерот на Беса, Билал Касами.Повод за средбата е поддршката за консензуален кандидат за претседател. Заев недела имаше средба со албанските лидери кои воглавно се расположени да дадат поддршка за т.н консензуален претседател.
Касами иако даде поддршка за уставните измени важи за критичар на политиките на власта. Начелна согласност за предлогот на Заев дадоа Мендух Тачи и Африм Гаши.Дали ќе има договор ќе се знае најдоцна до крајот на неделата.
Средбата пак со лидерот на Алијанса Зијадин Села беше откажана како знак на револт што власта ги ускрати ингеренциите на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во делот на образованието.
Comments are closed for this post.