Премиерот Зоран Заев вели дека не знае кои се Фрики и Кики, одговарајќи на новинарско прашање дали тие биле пристутни на вчерашниот Централен одбор на СДСМ. Тој побара од новинарите да ги соопштат јавно нивните имиња за да може тие да тужат.

Кога ќе ги соопштите со име и со презиме јавно за да може да ве тужат тогаш ќе разговараме за име и презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите затоа што  кога е истражувачко новинарство, кога е креативно, тоа со себе треба да носи и храброст.Повелете секој да го истакнете ако има сомневање, ќе ви дадат истражните органи дали има истраги или не и секако секој ќе си ја носи одговорноста.Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство. Само така ќе можеме да ја потсредиме државата.Но како човек добро информиран во државата.Шпекулациите нанесуваат штета на угледот на тие луѓе и нема навлезам во шпекулации за псевдоними. Во соодветно време јас ќе бидам директен ако се соопштуваат имињата.