За само еден ден претседателот на СДСМ, Зоран Заев го смени ставот дали Законот за јавно обвинителство е причина за одложување на изборите на 12 април. Тој вчера се закани дека ако нема Закон за јавно обвинителство нема да има ни избори, заборавајќи дека датумот е одреден со конзензус меѓу сите партии на средба кај претседателот Пендаровски.
Денеска пак Заев пее друга песна.Тој не гледа никаква причина за одложување на изборите кои се закажани за 12 април, но можно е, рече, евентуално пролонгирање на распуштањето на Собранието.
Сепак тој нема да дозволи, како што нагласи, пратениците од СДСМ да го стиснат копчето за распуштање на Парламентот пред да бидат донесени клучните закони, меѓу кои и оној за јавното обвинителство.
-Предлози за законот за јавно обвинителство доставија сите кои учествуваат во работните групи. Амандамните кои се разгледуваат, и оние од незавинсите пратенички групи, верувам ќе бидат обелоденети. Направија состојба да ја стават Владата во сериозно размислување за да види што е она што може да го прифати, а да не се поминат црвените линии на ЕУ заради европската регулатива која сакаме да ја преточиме во законот, истакна Заев.
Би било неразумно, дополни Заев, законот да не се донесе сега, пред избори, со што земјава би пратила сериозен сигнал до ЕУ дека прави се за да ги спроведе реформите.
Comments are closed for this post.