Заев сведочи на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро во април 2012 година.
Горан Наќевски, татко на убиеното момче Александар, го праша СМС пораката што им ја испратил на родителите дека ќе објави бомба, но и телефонски броеви „кои судот ги крие“, на што Заев рече дека како лаик по право прво сфатил дека некои од разговорите што ги поседуваше СДСМ може да се и ПИ-мерки, а тие не смеат да се објавуваат.
Бевте кај мене во партија, се пожаливте дека судот крие од вас телефонски броеви, горевте како и денес што горите да ја дознаете вистината за монструозното убиство на вашите деца и на возрасното лице. Секогаш кога сум имал средба со вас родителите секогаш било на ваше барање како родители кои трагаат по целосна вистина за убиството и секогаш без скриени намери сум давал одговори и пред вас и пред јавноста, рече Заев.
Comments are closed for this post.