Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дознавме дека моралната одговорност на Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува. Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста. Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму посочуваат дека треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата.
Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.