Она што се очекуваш и се случи. Заев само еден час по објавувањето на извештајот на Јавното обвинителство за пожарот во Тетово побрза да објасни дека нема никаква политичка или менаџерска одговорност.
Како тоа го утврди само по едно читање? Сигурно не очекуваше во извештајот да напишат дека Филипче ја полил со бензин модуларната болница или пак дека неговиот заменик чепкал во инталацијата.
Јасно е дека Заев не ни планираше да се откаже од Филипче и Хасани бидејќи со нив требаше да падне и тој.
Затоа, посочувањето на кабелот како виновник за пожарот е направено во договор со неговиот коалициски партнер Али Ахмети за спас на владата која и онака се држи на стаклени нозе.
Една од причините зошто Заев не се откажа од Заев е дека Филипче многу знае и е директно инволвиран во набавката на вакцините, обидот за провизија со кинеските преку фирма од Хонг Конг, па преку тоа како се градени сите модуларни болници и дали се запазени стандардите за такви објекти.
Оттука вчера и нервозната реакција на Заев на прашањето дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница?
Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери изјави луто Заев.
Comments are closed for this post.