Во најавата за формирање на новата влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев напомена дека ќе ја укинуваат техничката влада. Оваа влада за првпат беше воспоставена на барање на СДСМ пред изборите во 2016 година кога тие беа во опозиција.
Тогаш СДСМ сметаше дека немаат фер услови за избори па затоа четирите лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи договорија да се формира техничка или т.н Пржинска влада.Договорот беше постигнат во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година во амбасадата на тогашниот ЕУ амбасадор Аиво Орав комесарот Хан и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Тоа значеше дека во владата ќе влезат технички министри на СДСМ, од кои најважно беше минитерствтото за внатрешни работи, но и повлекување на премиерот Груевски на сто дена до изборите закажани за 15 април.
Така и бидна, Груевски се повлече во јануари,но СДСМ бегаше од избори најпрвин во април, а потоа и во јуни.Избори имаше дури во декември 2016 година. Влада не се формираше до јуни 2017 година па техничка влада имаше речиси година и половина наместо предвидените три месеци.
По втор пат, техничката влада се формираше на почетокот на јануари оваа година кога Заев си поднесе оставка и на негово место дојде Оливер Спасовски.Во владата влегоа министри на ВМРО-ДПМНЕ и таа трбаше да функционира до април за кога беа закажани изборите. Но, тие се одложија поради короната и оваа влада ќе функционира до формирањето на новата власт.
Оваа техничка влада функционираше и во вонредна состојба поради корона кризата.
Се поставува прашањето како Заев и Ахмети мислат да ја укинуваат техничката влада која беше изгласана во договор со сите партии и дали за тоа ќе има согласност од ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии?
Comments are closed for this post.