Премиерот Зоран Заев денес ќе престојува во еднодневна работна посета во Прага, Република Чешка во рамки на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев ќе се сретне со премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш на работен ручек организиран заедно со премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.
Чешката влада соопшти дека целта на средбата со балканските лидери е да се зајакне соработката меѓу двата региона. Меѓу темите за разговор се најавуваат новиот состав на Европската комисија, финансиската стабилност, климатските промени, а се очекува да се зборува и за членствотото во ЕУ и во НАТО..
Comments are closed for this post.