Заев по којзнае кој пат ги излажа граѓаните. Патетичната најава вечерта по изборите дека разочаран од поразот се повлекува од партиската и премиерката функција беше уште една добро смислена игра игра како многупати досега.
Заев ниту тогаш не мислеше да си поднесе оставка туку намерата беше да се оттргне вниманието, и јавноста да не се занимава со причините за поразот туку да биде претставен како човек со морал кој ете решил да се повлече.
И навистина беше така.Заев добиваше пофалби од регионот и Европа како пример кој треба да го следат и други политичари после изборни порази.
Но, што ќе речат сега истите тие откако синоќа Заев „окезен“ како ништо да не случило не ни ја спомена оставката туку рече дека останува да помогне оти тоа го барале во партијата.
Прашањето е во што да помогне? Во раздавање од она што остана во спорот со Бугарија или пак зголемувањето на цената на електтичната енергија?
Планот на Заев е јасен и проѕирен. Неговиот мандат веќе е „купи ден помини“ и тој се надева дека ЕУ ќе го спаси со тоа што ќе ја убеди Бугарија да го тргне ветото, а и тој дотогаш да одработи со тоа што ќе прифати се што ќе побараат неговите „браќа“ од Софија.
Шансите за тоа се речиси никакви. Не затоа што Заев не е подготвен за компромис, се разбрира на наша штета туку што нема време.
До 14 декември кога е Советот на ЕУ кој треба да донесе одлука, Бугарија нема да има избрано влада бидејќи изборите се на крај на овој месец. А техничка влада во Софија сигурно нема да се осмели да крене рака за Македонија.
Затоа Заев и неговите ќе направат се утре да се пролонгира прашањето за недоверба на влада со цел да имаат време до сабота кога мора да има гласање да купат уште некој месец власт.
Но, кога колата ќе тргне удолу враќање нема….
Comments are closed for this post.