Премиерот Заев денеска појасни дека нереални се очекувањата дека сите „бомби” ќе бидат објавени, бидејќи 70 проценти од разговорите се приватни.
-Јас ги предадов комплетно сите разговори. Ако некогаш е кажано дека Заев ќе ги објави приватните разговори помеѓу луѓето, сакам да ја видам таа снимка. Од приватните сум си дозволил да објавам само еден а тоа е разговорот помеѓу мене и мојата ќерка. Разговорите што одлучи да ги објави СЈО беа разговори во кои има криминал. Верувам сето она што било како индиција е дел на поднесено обвинение, истрага или предистрага, истрагите продолжуваат, рече Заев.
Comments are closed for this post.