Словенечкиот пратеник и лидер на политичката партија СНС, Змаго Племенити повторно ја шокираше македонската јавност откако побара вето за Македонија поради политичкиот прогон кој се спроведува врз осудените патриоти за 27 април.
Во свој твит тој повторно ги споменува политичките затвореници, но овој пат го обвинува пријателот на Тања Фајон, Зоран Заев за ширење на лажни вести преку медиумите кои ги има под контрола.
-Непостоечка мапа за новата поделба на границите на Балканот, објавена во нон-пејпер
@JJansaSDS , првпат беше објавена од таблоидите во Македонија под директна контрола на социјалдемократот Заев, добар пријател@tfajon . Ова е # Заев кој ги затвора демонстрантите како терористи. Сè е јасно, вели Племенените на Твитер.
Станува збор за промена на границите на Западен Балкан. „Самиот Јанша тоа веќе го демантираше. А со оглед на гласините, словенечкиот претседател Борут Пахор, исто така, изјави оти се залага за приклучување на единствената БиХ кон ЕУ во некоја догледна иднина“, пишува порталот Еурактив.
Медиумите блиски до власта во Македонија тврдат дека документот ќе го регулира и враќањето на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски од азил во Унгарија.
Јанша негираше дека испратил неофицијален документ до Брисел, т.н. „нон-пејпер“ за наводното мирна поделба на БиХ и наводно враќање на Груевски во Македонија.
Comments are closed for this post.