Поради врнежите од снег и засилениот северен ветер, од 20.15 часот од превентивни причини се воведе забрана за тешки товарни возила, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Како што посочија од АМСМ, забраната се однесува на патните правци крак-Маврово-Дебар и крак-Стража.

Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто мото-сојузот потсетуваат дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, и дека оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.