На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашнаа градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.
-Според истражувањaтa градоначалничката Наташа Петровска е еден од најдобрите градоначалници во државата, ама тоа го мисли Зоран Заев. Да видиме битолчани што мислат. Првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за неа и за уште неколку наши квалитетни луѓе овде. Но се надевам дека втората и третата анкета коишто се во тек ќе го кажат конечното, затоа што само тогаш можеме да кажеме дека ги слушаме граѓаните кои ни даваат мандат да сработиме и да оставиме зад себе задоволство. Секој пат можеме повеќе. Тоа што е сработено во Битола во минатите години мислам дека покрива два до три мандати на поранешните градоначалници што оставиле. Зошто? Заради тоа што затекнавме блокирана општина, сега е одблокирана, развиени се проекти буквално насекаде низ Битола, истакна Заев на прес – конференција во Битола
Comments are closed for this post.