Денеска православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето- ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!
Бидејќи оваа година се прославува во петок, постот на Митровден е задолжителен. Исто така постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава. Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар каленадр и е обечежан во црковниот календар со црвени букви.
Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството. Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во самица каде е мачен и погубен. Солунскиот христијанин тајно го пог*ебале. На местото на неговиот гроб покасно изградија црква, а Димитрија е прогласен за заштитник на градот Солун.
Според преданието, гробот на Димитрија бил облеан со босилок и мир, па затоа и празникот е наречен Митровден. Култот на св. Димитрија се негува на целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја каде голем број цркви се посветени токму на овој светец. Во 2010-та година, св. Димитрија бил прогласен за светец-заштитник на селото Зрновци.
Comments are closed for this post.