За само една недела убедливо зголемување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажуваат двете анкети направени од Политичкиот институт ИПИС и анкетата спроведена на Твитер „Europe Elects“ кој пак е лидер на пазарот во анализата на анкетите и податоците за изборите во Европа.
Имено, анкетата на политичкиот институт ИПИС која беше објавена минатата недела покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ пред владејачката СДСМ, односно на прашањето за која партија би гласале доколку наредната недела се одржат парламентарни избори дури 23 проценти одговориле позитивно за ВМРО-ДПМНЕ додека за СДСМ 21 процент од испитаните. Анкетата била спроведена телефонски во период од 1 до 4 март, а опфатени биле 1.109 испитаници.
Втората анкета која излезе вчера а беше спроведена од „Europe Elects“ кој пак е лидер на пазарот во анализата на анкетите и податоците за изборите во Европа, покажува пак дека 34.7 проценти одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, додека 31, 9 проценти за СДСМ.
Од албанскиот блок и на двете анкети предност има ДУИ, а веднаш по нив, е коалицијата Алијанса на Албанците – Алтернатива, додека Движењето БЕСА бележи огромен пад во рејтингот.
Според политиколозите, ваквиот рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски може значително да расти, додека на владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев драстично да опаѓа, објаснувајќи дека има власта неумешно се справува со здравствената и економска криза, која секојдневно се влошува поради лошото менаџирање.
Ако вака се продолжи да се менаџира со кризата без разлика дали тоа е економската или здравствената, рејтингот на премиерот Заев драстично ќе се намалува, што од друга страна пак значи раст за опзоицискиот лидер бидејќи граѓаните не препознаваат трета страна на која би им ја дале довербата, сметат тие.
Во однос пак на рејтингот на политичките партии, политиколозите велат дека опозицијата делува конструктивно со нудење на конкретни решенија, додека пак власта одбива да ги прифати, што дополнително се создава слика дека и покрај обидите на опозицијата да се носат добри законски решенија, но и мерки и проекти за граѓаните, власта останува без слух.
Опозицијата делува конструктивно, би рекол и премногу конструктивно. Но, тоа е нејзината работа, да нуди подобри законски решенија, да критикува, или пак да бара добри мерки и проекти за граѓаните зошто кај власт некако изостанува она чувство на самокритичност, велат политиколозите.
Според нивните размислувања за опаѓање на рејтингот на власта има и високиот степен на криминал и корупција, и покрај тоа што власта помпезно најавуваше бескомпромисна борба со истиот, се повеќе ја тресат скандали кои пак немаат ниту најава за отворање на истрага, а камо ли пак правна разрешница.
Криминалот и корупцијата е навлезен во сите пори во општеството и е многу тешко да го сузбиете. За тоа треба цврста волја и одлучност што не ја гледам дека ја има кај владата на СДСМ. Замислете во некоја европска држава да се откријат четири скандали а директни учесници да бидат токму премиерот и неговите соработници министри, па не само што ќе има оставка од морална причина, туку ќе има и законска одговорност. Додека во Македонија, тоа е само теоретски прикажано, но во пракса е сосема поинаку. Но, тука значајна улога има и политичката култура на политичарите која што кај нашите политичари од власта слободно може да се каже дека изостанува, додава политиколозите.
Comments are closed for this post.